Top Sport

Серија А се враќа на 13 или 20 јуни

Италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора потврди дека Серија А ќе се рестартира на 13 или 20 јули и дека владата ќе лобира мечевите да се прикажуваат на слободните ТВ канали.

Италија е длабоко во „втората фаза“ во борбата со корона вирусот, со намалување на бројот на болните и починатите од КОВИД-19, а подготовките за враќање на фудбалот траат веќе неколку недели. Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) денеска им го предаде медицинскиот протокол на клубовите и конечната одлука ќе се донесе во четврток.

„Работиме на два можни датуми за продолжување на Серија А, на 13 или 20 јуни. Протоколот за безбедност пристигна и е тој што го договоривме со федерацијата, и во четврток ќе дојде конечната одлука“, изјави Спадафора.

И покрај тоа што со владин декрет е забрането враќањето на спортот до 14 јуни, датумот може да се помести доколку продолжи позитивниот развој на ситуацијата. Бидејќи постојат стравувања поради забранетиот влез на стадиони многу фанови да се собираат во локалните кафеани, владата сака ТВ-преносите да бидат достапни за сите.

„Во Германија, ’Скај’ се договори да ги прикажува прегледите на мечевите бесплатно и би сакале да направиме нешто слично и во Италија за да спречиме групирање на фановите“, додава Спадафора.

Scroll to Top