Top Sport

Серија А се враќа на 13 јуни, но…

И покрај „натегањето“ со италијанската влада околу условите под кои смее да се врати шампионатот, Лега Серија А објави дека се рестартира на 13 јуни со почеток на комплетни тренинзи во понеделник по договарањето на медицинскиот протокол.

Клубовите бараа менување на медицинскиот протокол кој го постави владата бидејќи во него се велеше дека ако има еден позитивен случај на корона вирус во клубот, целиот клуб оди во 15-дневен карантин. Ова уште останува главна пречка за продолжување на сезоната, за што гласаа сите 20 клубови.

„Датумот на 13 јуни е поставен за рестартирање на сезоната“, објавија од Лега Серија А.

За разлика од Серија А, во германската Бундеслига доколку некој фудбалер или член на клубот биде позитивен, тој ќе оди во изолација, додека остатокот од тимот ќе биде само тестиран.  Друга пречка во Италија е одговорноста, бидејќи главните лекари на клубовите не сакаат да бидат целосно одговорни доколку нивни фудбалер се зарази со корона вирусот.

Дали италијанската влада воопшто сака враќање на Серија А?

Scroll to Top