Top Sport

Серијата на Монца продолжува – импресивна победа на гости кај Болоња

Монца, клубот во сопственост на експремиерот на Италија, Силвио Берлускони, кои првпат играат во Серија А, продолжуваат со импресивната зимска серија, победувајќи ја Болоња на „Ренато Дал’Ара“ со 1:0.

Со низа од пет меча без пораз, и славна победа над Јувентус пред две кола, на Монца им беше доволен голот на Џулио Донати во 25. минута од мечот, за тимот на Рафаеле Паладино да се искачи на деветтото место на табелата со 29 поени, колку што имаат и Болоња зад нив.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top