Шпанија е во проблеми по триумфот против Уругвај во последното коло од групната фаза на Светското првенство.
Јужноамериканската селекција ја „претепа“ Црвената Фурија, а за тоа е виновен и судијата Исмаил Елфат, кој дозволи екстремно груба игра, па Јереми Пино и Нико Вилијамс се повредија.
Офанзивниот играч на Атлетик Билбао мина малку подобро, тепко се движел низ ходникот на стадионот по натпреварот, сомнежите се дека има проблем со мускулот на левата нога.
Од друга страна, Светското првенство веројатно е завршено за Пино, бидејќи се здобил со повреда на клучна коска по незгоден пад, па можеби дури и ќе мора да се подложи на операција.
Вилијамс сигурно ќе го пропушти натпреварот од 1/16 финалето, а потоа ќе се следи неговата состојба.
Зборовите на Луис де ла Фуенте сведочат за сериозноста на ситуацијата:
„Јереми Пино е во ужасни болки. И покрај нив, тој вложи огромен напор да го заврши натпреварот и сум му многу благодарен, како и на целиот тим. Мислам дека претрпе фрактура на клучната коска, што би го спречило да игра до крајот на Светското првенство. Ќе почекаме на прегледот и конечната проценка на лекарот. Што се однесува до Нико Вилијамс, треба да ги почекаме резултатите од тестовите. Тој чувствува непријатност, можеби е поради преоптоварување.“
Проблемот за Шпанија е што селекторот нема право да повика замена. Прописите на ФИФА јасно дефинираат дека некој од резервниот список може да влезе во натпреварувањето само 24 часа пред првиот натпревар на турнирот.
Foto/ Depositphotos
