Top Sport

Сериозна повреда за Дени Илиев, ќе ја пропушти целата сезона

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев, кој го носи дресот на Хелсинки, ќе отсуствува до крајот на сезоната поради нова повреда. Тој го повреди лакотот и најверојатно ќе мора да замине на операција за да ја санира повредата на лигаментите.

„Го повредив лакотот на нашиот последен натпревар. За жал, ќе морам да одам на операција за да ги санирам оштетените тетиви и лигаментите. Оваа повреда ќе ме примора да ги пропуштам сите наши натпревари до крајот на сезоната. Ќе притискам да се вратам посилен по уште еден тежок момент во кариерата“, објави Дени Илиев на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Iliev (@dejan.iliev1)

Scroll to Top