Top Sport

Сопругата на Мората мета на закани – „Ќе ве запалам, вашите деца ќе доживеат срцев удар“

Шпанските фудбалски репрезентативци Дани Олмо и Алваро Мората ги промашија пеналите во полуфиналето на ЕП против Италија, па „Фуријата“ го заврши настапот на ЕУРО2020.

Токму Мората кој влезе во второто полувреме во игра, во 80 минута донесе израмнување на 1-1.

Неговата сопруга, Алис Кампело сподели со јавноста дел од пораките кои стигнале на нејзина адреса, а кои не се единствените додека нејзиниот сопруг ги брани боите на Шпанија на ЕП.

„Вашите деца ќе доживеат срцев удар“, „Да не си се осудила да објавиш фотографија од голот на Мората. Ако објавиш, ќе дојдам во вашата куќа, ќе ве запалам и сето тоа во живо ќе го објавувам на Инстаграм“ – се дел од пораките на хулиганите.

Мората е играч на Јувентус и со сопругата и децата живее во Торино.

„Ова е срамотно и неприфатливо. Се надевам дека наскоро ќе се преземат посериозни акции околу ваквите луѓе“ вели сопругата на фудбалерот.

Мората на ова ЕП беше мета на критики, добиваше смртни закани, а интернет – хулиганите му посакуваа и смрт на децата.

Scroll to Top