Top Sport

Сестрата на Роналдо удри по Перез: Мојот брат со 38 скока два метри, покажи респект старецу

Катја Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, „удри“ по претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој по инсистирањето на навивачите да потпишат со Португалецот, кратко одговори дека тој има 38 години.

Иднината на Роналдо повторно е неизвесна, откако тој наводно побара трансфер од Манчестер јунајтед, и дел од навивачите на „кралевите“ сметаа дека е добра идеја да се врати фудбалерот кој блескаше за нив од 2009 до 2018 година.

Роналдо (инаку има 37 години) не одговори на ова, но Катја Авеиро реши да врати на Инстаграм.

„Тој има 38 години, но може да скокне 2 метри во воздух и да остане 3 минути, а неговото тело нема масти. Покажи малку почит, старецу, имаш 75 години“, напиша Авеиро.

Перез: Да го вратиме Роналдо? Тој има 38 години

Scroll to Top