Top Sport

Сетиен: Го сакам Нејмар во Барса, Ракитиќ ќе остане

Тренерот на Барселона Кике Сетиен проговорил за можното враќање на Нејмар и за статусот на Иван Ракитиќ.

Нејмар во 2017 година за рекордни 222 милиони евра ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ. Од минатото лето гласни се шпекулациите дека Барселона сака да го врати на „Ноу Камп“.

„Би сакал Нејмар да игра за мене – тој е фудбалер од светска класа. Искрено, сонот го остварив кога му станав тренер на лео Меси, но бил бил воодушевен кога во тимот би го имал и Нејмар“, рекол Сетиен, а потоа проговорил за Лаутаро Мартинез и Иван Ракитиќ.

„Лаутаро е еден од петмината фудбалери кој може да одработи во нападот она што на Барселона и е потребно. Што се однесува до Ракитиќ знам дека многу пишувате околу неговата иднина но тој се наоѓа во моите планови и тој го знае тоа“.

Барселона во моментот кога беше прекината сезоната во ла лига се наоѓаше на челната позиција со 58 бода, два повеќе од Реал Мадрид.

Scroll to Top