Top Sport

Бруклин гради шампионски тим

Бруклин Нетс ќе се обидат да донесат уште една голема ѕвезда во тимот. Франшизата минатото лето се засили со Кевин Дурент и Кајри Ирвинг. Нетс во своите редови го сакаат бекот на Вашингтон Визардс Бредли Бил.

Доколку сакаат да го добијат 26 годишниот кошаркар Бруклин ќе мора да се откажат од неколку играчи. Наводно во размената би можеле да бидат вклучени Крис Леверт, Спенсер Динвиди, еден од овие тројца играчи Џанан Муса, Џерет Ален, Николас Клакстон и пик од првата рунда на драфтот во 2021 и 2023 година.

Бил игра одлично оваа сезона најдобар е стрелец на Вашингтон со 30,5 поени по натпревар.

Scroll to Top