Top Sport

Севилја едвај до реми на гостувањето во Виго

Лошата сезона за Севилја, клуб кој се бореше за топ 4 пласман последните неколку сезони, продолжува, откако тие се намачија за да извлечат 1:1 реми на гостувањето во Галиција кај Селта Виго.

Габриел Веига ги донесе Селта во водство во 33. минута, а откако домаќините имаа неколку пропуштени шанси, Кике Салас израмни за тимот на Хорхе Сампаоли во 54. минута. И по ова израмнување, Селта имаше повеќе од играта, додека Севилја во финишот на мечот остана со 10 играчи по црвениот картон на Хозе Кармона.

Севилја останува на претпоследното место на табелата во Шпанија со 12 освоени поени, додека Селта се две места пред нив со 13 поени. Во вториот вечерен меч, Кадиз и Алмерија исто така одиграа 1:1.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top