Top Sport

Севилја го доби андалузиското дерби, хорор-повреда на Регилон (видео)

Севилја ја забележа и втората победа во новата сезона во Ла лига, триумфирајќи со 1:0 на гости кај андалузискиот ривал и нов прволигаш Гранада, за совршен старт на сезоната на тимот на Хулен Лопетеги, иако тоа падна во сенка на повредата на Серхио Регилон, уште еден кој дојде во Севилја од Реал Мадрид.

Регилон во првиот меч против Еспањол даде еден гол и асистираше на уште еден, но гостувањето во Гранада го заврши уште во 20. минута со на прв поглед потешка повреда и со солзи во очите откако се судри со главите со Виктор Диаз.

Регилон се обиде да го продолжи мечот, но не успеа, паѓајќи на тревата пред да биде изнесен на носилки.

Човек на одлука беше Жоан Жордан, кој го постигна својот прв гол во дресот на Севилја во 52. минута по еден брз котнранапад на гостите.

Scroll to Top