Top Sport

Севилја го сака Луис Суарез за ново засилување

Шпанскиот прволигаш Севилја посакува да го доведе Луис Суарез во својот тим. Уругвајскиот голгетер ја освои титулата со матичниот клуб Насионал во Уругвај, а сега повторно е потрага по нов клуб.

Суарез очекува понуди, а иако изјави дека завршил со европскиот фудбал, понудата од Шпанија би можела да го натера да го промени своето мислење.

Клубот од Андалузија и летово се обиде да стигне до Уругваецот, но тој сепак ја одбра својата татковина.

Се очекува Суарез повторно да потпише краткорочен договор, односно до крајот на сезоната, до јуни 2023 година. Потоа планот е заедно со Лионел Меси да заминат во Америка и да заиграат за Интер Мајами во МЛС – лигата на САД.

Scroll to Top