Top Sport

Судијата Мунуера Монтеро се радувал на ВАР одлука против Реал! (видео)

По поразот од 0:2 од Реал Сосиедад, во Реал Мадрид беа лути на одлуката на судијата да не побара интервенција на ВАР системот, и сега му вратија на судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро со објавување на снимка како тој се радува на досуден пенал против нив.

Во неделата, Реал беа бесни за стартот на Херонимо Рули против Винисус Жуниор при резултат 0:1, кога судијата Мунуера Монтеро реши да не го консултира ВАР системот.

Мунуера Монтеро беше во собата за ВАР при поразот од 0:3 на гости кај Еибар, во меч во кој тимот дојде до водство преку гол кој беше проверуван преку ВАР за можен офсајд. Снимката го покажува судијата како се радува и дава „петка“ откако ВАР-системот потврди дека немало офсајд. Со објавувањето на видеото, во Реал посочуваат дека не можат да очекуваат непристрасност од ваков судија.

На Солари за поразот му е виновен ВАР! (видео)

Scroll to Top