Во шпанското дерби на „Рамон Санчез Писхуан“, Севилја изддржа половина час со играч помалку за да одигра 1:1 со Барселона во меч со многу искри на теренот.
Алехандро Папу Гомез ги донесе Севилја во водство во 32. минута по асистенција на поранешниот играч на Барса, Иван Ракитиќ, но Барса успеа да израмни пред крајот на полувремето преку Роналд Араухо. Второто полувреме беше во знакот на бизарниот црвен картон кој го доби Жил Кунде, откако по провокацијата на Жорди Алба му ја фрли топката во лице.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 21, 2021
Севилја со ремито пропушти шанса да му се доближи на водечкиот Реал Мадрид и сега има 38 поени, 5 помалку од „кралевите“. Барса е далеку на седмото место со само 28 освоени поени.