Top Sport

Севилја сериозно заинтересирна за голманот на Црвена звезда

Севилја го обнови интересот за голманот на Црвена звезда, Омри Глазер. 28-годишниот репрезентативец на Израел минатото лето се пресели во Белград од Хаполе Бер Шива.

Глазер, заедно со Осман Букари беше најдобриот играч на Црвена звезда во Лигата на шампионите. Севилја беше заинтересирана за неговите услуги и во зимскиот преоден рок.

„Марка“ пишува дека новиот спортски директор Виктор Орта решил да го промени трансфер политиката, односно клубот повеќе нема да троши пари на скапи засилувања.

Глазер сигурно не би бил скапо засилување, но прашање е дали црвено-белите воопшто размислуваат да се разделат со Израелецот.

Минатото чето Црвена звезда за Глазер издвои 1.200.000 евра.

Scroll to Top