Севилја, шпанскиот клуб кој како да е „претплатен“ на трофеите од Лига Европа, го почна својот поход кон седма титула од натпреварувањето со 3:1 победа над Динамо Загреб. Аталанта, пак, се врати од негатива за 2:1 победа над Олимпијакос, додека Лацио загуби со 2:1 кај Порто. РБ Лајпциг се врати за 2:2 реми со Реал Сосиедад за да постават интересен реванш.
Иван Ракитиќ со гол од пенал во 13. минута ги донесе домаќините на водство, но Динамо одговори во 41. минута, кога Мислав Оршиќ ја искористи лошата реакција на одбраната за израмнување. Сепак, само три минути подоцна Луис Окампос ја врати предноста на Севилја, за во судиското продолжение од првото полувреме, Антони Марсијал да го постигне својот прв гол во дресот на шпанскиот клуб и да го продолжи „препородот“ по позајмицата од Манчестер јунајтед.
Во Бергамо, Олимпијакос во 16. минута стигна до водство преку Соареш, пред албанскиот репрезентативец Берат Џимшити да одговори со два гола во 61. и 63. минута за фантастичен пресврт. Лацио пак, рано поведе во Порто преку Матија Ѕакањи во 23. минута, пред Тони Мартинез да постигне два гола, во 37. и 49. минута за победа на Порто.
ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Аталанта – Олимпијакос 2:1
Порто – Лацио 2:1
РБ Лајпциг – Реал Сосиедад 2:2
Севилја – Динамо Загреб 3:1
ПРЕТХОДНО ИГРАА:
Барселона – Наполи 1:1
Борусија Дортмунд – Ренџерс 2:4
Шериф Тираспол – Брага 2:0
Зенит Санкт Петерсбург – Реал Бетис 2:3