Top Sport

Шахтјор и ФЦ Копенхаген се први четвртфиналисти во ЛЕ

Шахтјор Доњецк и ФЦ Копенхаген се првите четвртфиналисти во Лига Европа откако денеска продолжија натпреварите во ова натпреварување по паузата поради коронавирусот.

Шахтјор на домашен терен славеше против бундеслигашот Волфсбург со 3-0 иако и по првиот меч имаше предност од 2-1.
Мечот во Украина беше без голови се до 89 минута, а потоа „портокаловите“ за неколку минути во финишот со 3 брзи гола со стил влегоа меѓу осумте најдобри во ЛЕ.

Два гола постигна Мораеш, а еден беше дело на Соломон за убедлив триумф.

Во Данска, ФЦК ја анулираше предноста од првиот дуел (1-0) против турскиот шампион Истанбул Башахшекир и со убедливи 3-0 ги елиминираше Турците.

На „Телиа Паркен“ водство од 1-0 донесе Џонас Олдер Винд уште во 4 минута. На 2-0 зголеми истиот играч во 52 минута, а точка на победата стави Расмус Фалк во 62 минута.

Scroll to Top