Украинскиот шампион Шахтјор, во последните часови од преодниот рок, ги засили редовите со Бразилецот Тете. Екипата од Донецк за неговите услуги плати 15 милиони евра.
Трансфер како трансфер, но интересно е што Тете нема одиграно ниту една минута во на сениорско ниво.
Тете е продукт на школата на Гремио, меѓутоа челниците на Шахтјор решија да издвојат 15 милиони евра за неговиот трансфер. Тете потпишал пет годишен договор, а откупната клаузула во неговиот договор изнесува 150 милиони евра.