Top Sport

Шакира и Пике се договорија за старателство на нивните деца

Колумбиската поп-дива, Шакира и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике дојдоа до договор околу старателството на нивните два сина по разводот, потврдија нивните претставници во вторникот.

45-годишната Колумбијка ќе се пресели во Мајами со Милан (9) и Саша (7), додека Пике ќе има право да ги зема 10 дена секој месец, плус за време на школските одмори, потврди неговиот адвокат, Роман Тамбореро.

„Не се работи за тоа кој победил или загубил, ако има победник во ова, тоа сигурно се децата“, изјави Тамбореро по крајот на преговорите кои траеја неколку месеци.

35-годишниот Пике, изненадувачки, минатата недела објави дека се повлекува од фудбалот, откако не добиваше многу шанси од тренерот (и поранешен соиграч), Чави Ернандез, но се верува дека и оваа спогодба влијаела на неговата одлука. Шакира и Пике се заедно од 2011 година, откако во 2010 се запознаа при снимањето на „Waka Waka“, официјалната песна на Светското првенство во Јужна Африка.

Scroll to Top