На српската фудбалска репрезентација им се заканува на реприза од СП во 2018, откако Џердан Шаќири ги донесе Швајцарците до водство од 1:0 во 20. минута од мечот, резултат кој значи сигурен пласман на Швајцарците во осминафиналето.
Србија на почетокот на мечот тргна остро во напад и имаше одлична шанса кога Живковиќ ја погоди стативата, но во 20. минута по една лоша реакција на одбраната на Србија, Роригез успеа да направи продор, а потоа Шаќири ја смести топката во мрежата.
За разлика од 2018, овојпат немаше контроверзи, бидејќи Шаќири само покажа на своето презиме на дресот!
SERBIA 🇷🇸 0-1 🇨🇭 SWITZERLAND
⚽ 20' Xherdan Shaqiri 🇨🇭#FIFAWorldCuppic.twitter.com/1bFUMuJacF— All goals replay (@goalsreplayg) December 2, 2022