Џердан Шаќири беше едно од големите засилувања за Ливерпул ова лето, откако Ливерпул платија 14 милиони фунти на Стоук сити, каде што во 92 натпревари постигна 15 голови и имаше 15 асистенции.
Сепак, кај „црвените“ Шаќири не добива многу голема минутажа од Јирген Клоп, со само четири настапи во Премиер лигата, од кои три како замена, а во четвртиот беше изваден на полувреме. Во Лигата на шампионите тој има еден настап од пет минути и цели 90 минути во Лига купот против Челси, кога доби една непријатна „лекција“ од Клоп. Сепак, ова не го поколебува швајцарскиот репрезентативец.
„Не мора да ме држат среќен. Процесот засега функционира одлично, и иако секој професионален фудбалер сака да игра, има многу натпревари пред нас. Покрај тоа, мораме да сфатиме дека во Ливерпул има голема конкуренција и затоа сум задоволен. Се случува тоа што го очекував, знаев дека во клуб како Ливерпул ќе имам помалку минутажа, но затоа играм во еден од најдобрите клубови на светот“, вели Шаќири.