Шкендија обезбеди предност од 2:0 против Арарат во првиот натпревар од првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Стрелци на головите беа Аденис Шала и Валмир Нафиу.
Тренерот Артим Шаќири го изрази задоволството од изданието на својот тим.
„Имаме одличен резултат пред реваншот, два гола позитива. Добро е што не примивме и гол, иако тие имаа две шанси. Ќе треба да подобриме некои сегменти во играта, но во глобала сум задоволен од нашето издание. Сега имаме доволно време да се подготвиме и за реваншот во Ереван. Ништо не е завршено, има уште 90 минути од двомечот“, изјави Артим Шаќири.
Шефот на стручниот штаб на Арарат, Арам Восканјан, не е задоволен од резултатот.
„Имавме три убави шанси да постигнеме барем еден гол во првиот дел. Не успеавме и тоа е клучот. Имаме негатива, но се уште имаме шанси за пласман понатаму. Се ќе се решава на реваншот во Ереван“, изјави Восканјан.