Top Sport

Шалке без победа и во 14-тиот меч во низа! (видео)

Ајнтрахт Франкфурт стигна до 2:1 победа над Шалке во меч од 32. коло во Бундеслигата, поминувајќи ги на деветтото место на германската табела, и во исто време продолжувајќи ја неверојатната лузерска серија на клубот од Гелзенкирхен, кој сега има 14 меча без да забележи победа.

Андре Силва ги начна гостите со гол во 28. минута, пред Аргентинецот Давид Абрахам да зголеми на 2:0 во 50. минута. Шалке успеа делумно да се врати во игра со голот на Американецот Вестон Меккени во 59. минута, но сите надежи за целосен камбек беа уништени кога Џан Боздоган доби втор жолт картон во 77. минута од мечот.

На две кола пред крајот на сезоната, Ајнтрахт се на деветтото место со 41 поен, додека Шалке се десетти со 39 поени.

Scroll to Top