Тимот на Шалке се искачи на второто место во Бундеслигата, откако по победата од 2:0 над Хамбургер, нивни седми триумф во 12 натпревари оваа сезона собраа 23 поени, шест помалку од Баерн, но идентично со Лајпциг со подобра гол разлика.
За Шалке ова е шести меч без пораз во Бундеслигата (4 победи и 2 ремија), нивна најдобра серија оваа година, а уште поимпресивно, по седмото коло заостануваа 9 поени зад локалните ривали Борусија Дортмунд, а сега се три поени пред нив, а во 13-тото коло се среќаваат токму со БВБ во „ревиердербито“.
Тимоот од Гелзенкирхен дојде во водство на „Велтинс арената“ во 17. минута, кога по очигледен фаул во шестнаесетникот, Франко ди Санто беше сигурен од белата точка. Гвидо Бургшталер го удвои водството во 78. минута по пропуст на одбраната на Хамбургер, кои сега се на 15. место, едно над зоната за испаѓање со 10 поени, два повеќе од 16-тиот Фрајбург.