Top Sport

Шалке со пресврт и гол во 92.минута го победи Вердер

Шалке забележа вжна победа во борбата за опстанок, во последниот натпревар од саботната програма во Бундес лигата. Во Гелзенкирхен, Шалке го победи Вередер со 2:1.

Гостите од Бремен водеа на полувремето со голот на Марвин Дукш, но резервите на Шалке направија пресврт во последните десет минути од натпреварот.

Сеп ван Дер Берг влезе во игра во 77. минута и само четири минути подоцна донесе израмнување.

Во втората минута од судиското надополнување, Доминик Дракслер го искористи одличното додавање на Салазар и погоди за победа на Шалке, кој сега заостанува само бод зад Штутгарт и Бохум, кои се нивните главни конкуренти во борбата за опстанок.

Scroll to Top