Top Sport

Судијата призна дека ја оштетил Борусија, грешката ја поврди и ГФС

Борусија Дортмунд прокоцка голема можност да направи чекор кон титулата германски шампион откако одигра само 1:1 против Бохум. Германските медиуми пишуваат дека судијата Саша Стегман со своите одлуки тешко ја оштетил Борусија и дека веројатно со своите грешки ја решил трката за шампионската титула.

„Милионерите“ се жалат за три спорни ситуации, а медиумите го издвојуваат моментот од 65.минута, кога Карим Адејеми беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник. Судијата Саша Стегеман не покажа на белата точка. Целата ситуација ја следеа и во ВАР собата, каде исто така не видоа дека се работи за очигледен фаул за пенал.

„Мислам дека е непристојно кога не сакаш да ја погледнеш спорната ситуација со сите можни средства што ги имаш на располагање, а тоа е особено проблем бидејќи остануваат уште само пет натпревари, а германското првенство е во прашање. Неверојатно сме лути, судијата го реши натпреварот“, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.

Кел заедно со неговиот легендарен соиграч Марк Ројс и тренерот Един Терзиќ по натпреварот влегле во судиската соблекувална и влегле во врбална расправија. „Билд“, тврди дека дискусијата била толку жестока што ѕидовите се треселе, а истиот весник денеска ја пренесува и изјавата на судијата кој е свесен дека направил грешка:

„Се се случи многу брзо и бев сигурен дека Адемеји не е фаулиран. Секако, ВАР ја провери целата ситуација, а сугестијата беше дека нема очигледни докази дека одлуката е погрешна, па не ми беше наложено сам да одам да ја гледам спорната ситуација“, рече Стегеман и додаде:

„Доколку се сомневав во мојата одлука, ќе одлучев сам да го погледнам видеото, но во тој момент помислив дека добро проценив. Од оваа перспектива можам да казам дека ќе бев среќен доколку ја погледнев снимката. Секако, мојата цел е да донесам добра одлука на теренот и требаше да постапам поинаку. Лут сум на себе, многу лошо се чувствувам“, рекол судијата Стегеман.

Судиската грешка ја потврди и Германскиот фудбалски сојуз (ГФС), па јасно е дека Стегеман ќе биде казнет за ваквата одлука.

Scroll to Top