Top Sport

Шалке во последните мигови испушти победа со Келн

Фудбалерите на Шалке и Келн одиграа 1-1 во рамки на седмото коло од Бундеслигата.

Шалке поведе во 72 минута со голот на Суат Сердар, а изедначувањето и бодот за Келн ги донесе Јонас Ектор во 91 минута.

Шалке е четврти на табелата со 14 бода, исто колку што имаат и останатите тимови на врвот на Бундеслигата.

Овој бод е позначаен за Келн кој е на претпоследното место со само 4 освоени бода.

Шалке во следното коло гостува кај Хофенхајм, додека Келн го пречекува Падерборн.

Scroll to Top