Top Sport

Загреб со Вујовиќ го порази Еурофарм, првпат во СЕХА лига

Македонскиот преставник во СЕХА лигата, битолски Еурофарм Работник вечерва во натпревар од четвртото коло во регионалното натпреварување го доживеа првиот пораз, и тоа со 24:23 нагости кај ППД Загреб.

Еурофарм во воведниот дел од мечот имаше водство, по што Загреб предводен од новиот тренер Веселин Вујовиќ се консолидираше, па на полувреме се замина со нерешен резултат 11-11.

Во второто полувреме Загреб беше екипата која подобро го отвори тој дел од мечот, и иако немаше некоја поизразена предност, сепак победата им припадна на домаќините.

Кај Еурофарм Остроушко и Јотиќ постигнаа по 5 гола, а кај Загреб Шипиќ, Мраковчиќ и Хорват реализираа по 4 погодоци.

Еурофарм Работник во вторник гостува кај Мешков во Брест во рамки на СЕХА лигата.

Scroll to Top