Бразилскиот фудбалски клуб Шапекоенсе го откри својот нов гостински дрес, на кој гордо стојат боите од колумбиското знаме во знак на благодарност до земјата по љубовта и поддршката која ја добија по трагичната авио-несреќа која за малку ќе го збришеше целиот тим.
Авионот на Шапе падна на приодот на аеродромот во Меделјин пред мечот од финалето на Копа Судамерикана во 2016, по што загинаа 71 од 77 патници во авионот. Финалето тогаш не се одржа, но илјадници колумбиски фанови се појавија на стадионот „Анастасио Хирардот“ за да оддадат почит на жртвите.
Како знак на благодарност и на вечната врска меѓу Шапекоенсе и колумбискиот народ, клубот се реши на овој потег за да пренесе „мир и хармонија“ до колумбискиот народ. Фантастичен потег.
A paixão é o que move o futebol e motiva qualquer superação. Também é o que une torcedores da Chape e da Colômbia. Isso inspirou a nova camisa da Umbro, feita para você carregar essa paixão no peito. #VamosChape #Colômbia #LaPasión #UmbroNations pic.twitter.com/pjJhczXIjr
— Chapecoense (@ChapecoenseReal) April 14, 2018