Top Sport

Сезона на враќања на „старците“ – Де ла Хоја ја покажа својата брзина

Легендарниот американски боксер, а подоцна и промотер, „Златното момче“ Оскар де ла Хоја на своите фанови им покажа дека не загубил од својата брзина со видео на социјалните мрежи како дел од (уште еден) шокантен боксерски камбек, овојпат на 47 години.

Де ла Хоја, кој во кариерата беше шампион во шест различни тежински категории, објави план за враќање на боксот по одлуката на 54-годишниот Мајк Тајсон да се врати на опасниот спорт. Сопственикот на промотерската куќа „Голден бој промоушнс“, нема боксувано од 2008 година, кога загуби во меч во кој Мани Пакјао целосно доминираше.

По боксерската пензија тој направи милионски бизнис како промотер, станувајќи човекот кој го крена Саул Канело Алварез до статус на ѕвезда.

„Прво сакам да видам што ќе направи Тајсон. Тренирам напорно, останувам во форма. Секако, уште не сум физички подготвен за 12 рунди, но и тоа ќе дојде. Да видиме прво што ќе направи Тајсон“, вели Де ла Хоја.

Scroll to Top