Новата извршна директорка на Њукасл, Амада Стевели вели дека не е фер што на Роман Абрамович му се „одзема“ фудбалскиот клуб, откако рускиот милијардер реши да ги продаде „сините“ по политичките притисоци во Велика Британија.
„Секогаш ќе имаме геополитички прашања во светот. Секогаш ќе има проблеми и знам дека е многу тешко и тажна сум што денеска некому ќе му го одземат фудбалскиот клуб поради некоја врска која можеби ја имал со некого. Тоа не е посебно фер“, изјави Стевели.
Британската влада најави дека ќе ги „изолира“ руските олигарси кои живеат или имаат бизниси во Велика Британија, а лидерот на Лабуристичката партија, Кеир Стармер побара Абрамович да биде „санкциониран“.
Стевели, пак, беше дел од преземањето на Њукасл јунајтед од саудиските спонзори и е ко-сопственик на клубот од северна Англија и вели дека не е загрижена доколку во иднина има санкции против Саудиска Арабија.
„Не сум загрижена за нашиот статус. Сопственик не е Саудиска Арабија, туку Јавниот инвестициски фонд (ПИФ)“, вели Стевели.