Top Sport

Шефилд зема бод од „чеканите“, Евертон загуби со автогол во 94 минута (видео)

Новиот премиерлигаш сезонава, тимот на Шефилд Јунајтед одлично котира на табелата во најсилната англиска лига по одиграни 10 кола. Денеска Шефилд остана непоразен на гостувањето кај Вест Хем играјќи 1-1.

По минатонеделната победа дома против Арсенал, Шефилд со голот на Мусет изедначи на 1-1 во 68 минута. Претходно „чеканите“ од 44 минута, со голот на Снодграс водеа со 1-0.

Фудбалерите на Евертон му гостуваа во ова коло на Брајтон. Се до 80 минута „карамелите“ имаа водство од 2-1. Во 15 минута Грос донесе довство за Брајтон од 1-0. Само 5 минути подоцна неговиот клупски колега Вебстер постигнува автогол за 1-1 на полувреме.

Во вториот дел Евертон со голот на нововлезениот Калверт-Левин во 74 минута доаѓа до предност од 1-2.
Сепак Маупеј во 80 минута погодува од пенал за 2-2.

Голема радост во гледалиштето настанува во 94 минута, кога гостинскиот играч Лукас Дињ постигнува автогол за конечни 3-2 за Брајтон.

На натпреварот меѓу екипите на Вотфорд и Борнмут немаше погодоци.

Во тек е последниот дуел од денешната програма во Премиерлигата, Челси му гостува на Барнли.

Scroll to Top