Top Sport

Баерн со триумф „на мускули“, Борусија (Д) без муниција во Гелзенкирхен

Фудбалерите на Баерн Минхен се чини потешко од очекувањата славеа со 2-1 на дуелот со новајлијата во Бундеслигата, тимот на Унион Берлин.

Французинот Павар со убав гол уште во 13 минута го отвори резултатот, а Левандовски во 53 минута по една соло акција ја дуплираше предноста на својот тим.

Гостите од Берлин имаа нерализиран пенал во 58 минута, Себастијан Андерсон биеше во голот, но Мануел Ноер со парада спречи гол за гостите. Сепак, Унион Берлин во 86 минута уште еден пенал за гостите. Овојпат сигурен реализатор беше Полтер за конечни 2-1.

Неинтересно реми, без голови и без многу шанси одиграа Шалке 04 и Борусија Дортмунд во Гелзенкирхен.

На останатите натпревари од ова коло во Бундслигата Херта во Берлин со 2-3 загуби од Хофенхајм, а Фрајбург славеше на домашен терен против Лајпциг со 2-1. Сигурен пред своите симпатизери беше и Падерборн кој со 2-0 ја совлада Фортуна Дизелдорф.

Scroll to Top