Top Sport

Македонија без услугите на Лазаров, пак ја порази Грузија, 29-28

Македонската ракометна репрезентација денеска повторно славеше победа против селекцијата на Грузија на втората контрола во рамки на ЕХФ-неделата. Резултатот на мечот кој се одигра во Скопје, без присуство на публика беше 29-28.

Селекторот Данило Брестовац реши шанса да се докажат да им даде на помладите ракометари, па капитенот Кире Лазаров и втората контрола ја проследи од клупата.

„Сликата за секој репрезентативец е поширока, точно можам да видам кој колку може да придонесе. Така и ги поделив улогите, не само за овој и за наредниот собир туку и за подалечна иднина. Ќе продолжиме со теркот да имаме вака почесто собири и натпревари. Тоа е можност да се одигра на високо ниво, да се пробаат некои варијанти, можност да се отиде и чекор понапред“ – рече селекторот Брестовац по натпреварот.

На денешниот меч пријателски меч со Грузијците Филип Талески постигнал 7 гола, од кои 5 во првото полувреме.

Бекот Филип Кузмановски денеска не беше во составот, поради тоа што прави свадба. Присутен од репрезентативците на неговата свадбена веселба беше и крилото Дејан Манасков, кој исто така доби поштеда од селекторот.

ЕХФ-неделата на која Македонја одигра 4 меча, 2 со Грузија и по еден со Турција, односно Италија е дел од подготовките за ЕП 2020. Нашата репрезентација во јануари следната година во Виена, во групната фаза ќе ги одмери силите со Австрија, Чешка и Украина.

Scroll to Top