Манчестер Сити со статуа пред стадионот „Етихад“ му се заблагодари на најдобриот стрелец во историјата на клубот кој го постигна и голот за прва титула на Сити во ерата на Премиерлигата. Серхио Агуеро постигна 260 гола за Сити од 2011 до 2021 година, но најмногу се памети по голот против КПР во судиското продолжение.
Сепак, статуата се чини и дека нема многу заеднички црти со ликот на Серхио Агуеро.
Новинарот на „Би-Би-Си“ Сајмон Стоун објави фотографија од статуата на Твитер со статус: „Серхио е тука“.
Но, Тони Крос, фудбалерот на Реал Мадрид, го сподели тој твит и напиша „Дали си сигурен?“
Неговата шега му донесе над половина милион „лајкови“, а ако добро се погледне можеби статуата повеќе наликува на Крос.
Nice gesture by Man City to honour Toni Kroos for his part in knocking them out of the #UCL this season. pic.twitter.com/uTSAdrIqbY
— Troll Football (@TrollFootball) May 13, 2022