Top Sport

Фетел „раскрсти“ со Ферари, стави пет екслузивни „коњчиња“ на продажба!

Себастијан Фетел очигледно решил да „раскрсти“ со Ферари за навек, откако новиот возач на Астон Мартин и поранешен ас на Скудерија, продава осум импресивни автомобили од својата колекција, од која дури пет ексклузивни модели на Ферари.

Од Фераријата на продажба се моделите: Лаферари 2016 (само 490 извозени километри), Ферари Енцо 2004 (1.790 км), Ферари Ф50 1996 (6.940 км), Ферари Ф12ТДФ 2016 (1.200 км) и Ферари 458 Спечијале 2015 (3.000 км). На продажба се и два Мерцедеси и едно БМВ.

Scroll to Top