Top Sport

Шест клубови се пред исфрлање од Европа – Бетис, Спортинг, Порто…

Комисија на УЕФАкоја ги контролира финансиите би можела од Европа да исфрли шест фудбалски клубови доколку во наредниот период не ги подмират своите обврски. Опоменати се Порто, ЦСКА Софија, Монс Калпе, Бетис и португалските Санта Клара и Спортинг Лисабон. За нив ќе има финансиски казни.

Овие клубови ќе бидат исфрлени од европските натпреварувања и тоа за наредните 3 сезони ако до крајот на јануари 2022 година не ги решат финансиските обврски.

Парично се канзети и Астана (150.000 евра) и Клуж (200.000 евра).

Останативе шест клубови се должни да платат различни казни: ЦСКА Софија (75.000 евра), Монс Калпе (15.000), Порто (300.000), Реал Бетис (250.000), Санта Клара (75.000) и Спортинг (250.000 евра).

Scroll to Top