Top Sport

Дембеле ќе го менува Моура во Тотенхем?

Францускиот фудбалер Усман Дембеле би можело од лето да стане нов играч на Тотенхем затоа што менаџерот на „петлите“ Антонио Конте во него гледа соодветна замена за Лукас Моура, пренесуваат шпанските медиуми.

Договорот на Дембеле во Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, а доколку до крајот на годинава не го обнови договорот со клубот од „Ноу Камп“, може да почне преговори со други клубови.

Каталонскиот клуб уште од поодамна излезе со конкретна понуда за Французинот, но се чини дека понудата не ги задоволува неговите апетити, па „Спарси“ сакаат да профитираат од целата ситуација.

Репрезентативецот на Франција минатата зима беше на чекор од Манчестер Јунајтед, а во меѓувреме во трката се вклучи и Њукасл.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека спортскиот директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи многу ги вредува квалитетите на Дембеле.

Scroll to Top