Top Sport

Играат за светска титула, а веќе се рекордери – Норвежанец и Русин играа партија шах 8 часа

Двајцата најдобри шахисти на денешницава поставија рекорд по бројот на потези во мечот за светската титула. Цела недела се борат за титулата, а резултатот е речиси изедначен.

Откако првите 5 партии завршија со поделба на бодовите Магнус Карлсен (31) во шестиот дуел успеа да го совлада Јан Непомњашчиј (31) и стигна до предност од 3,5:2,5!

Освен што оваа партија на Норвежанецот му донесе драгоцен бод, таа ќе влезе во историјата како најдолга во историјата на борбата за светска титула во шах.

Двајцата шахисти имаа 136 потези, што е за 12 потези повеќе од досегашниот рекорд.

Магнус и Јан играа повеќе од седум часа во континуитет.

Борбата за титулата се игра во 14 партии, треба да се заврши до 14. овој месец.

Scroll to Top