Стручниот штаб на Барселона на чело со тренерот Чави и раководството на клубот го финализираа списокот со играчи кои по никоја цена нема да го напуштат стадионот „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.
Како што пренесува секогаш добро информираниот каталонски „Спорт“, на списокот на „недопирливи“ се дефанзивците Жил Кунде и Роналд Араухо, играчите од средниот ред Гави и Педри и напаѓачите Роберт Левандовски и Ансу Фати.
Истиот извор наведува дека важен фудбалер би можел да ја напушти Барселона во текот на летниот преоден рок, но тој сигурно нема да биде еден од играчите на списокот.
Барселона по 14 кола е лидер во шпанското првенство со 37 бодови. Реал Мадрид има два помалку, додека третопласираниот Реал Сосиедад заостанува 11 бода. Тимот од стадионот „Камп Ноу“ на последниот ден од оваа година ја очекува градско дерби со Еспањол.
Во февруари 2023 година, Каталонците ќе се сретнат со Манчестер јунајтед во 1/16 финалето од Лигата на Европа.