Кризата во Барселона се продлабочува откако шестмина членови на Управниот одбор решиле да поднесат оставки на функциите. Ова е кулминација на отворените несогласувања што ги имаат луѓето во клубот со претседателот Џосеп Марија Бартомеу.
Членови на УО на каталонскиот гигант повеќе не се Емилио Роусандо, Енрике Томбас, Силвио Елиас, Жосе Понт, Марио Тексидор и Жорди Калсамилја.
Бартомеу ќе мора брзо да реагира бидејќи УО клубот сега има 13 членови, а според правилникот за да тој може непречено да работи мора да има најмалку 14 членови.
Незадоволните членови на УО според шпекулациите не биле задоволни од одлуката на Бартомеу да им ги намали платите на играчите за 70 отсто.
Тие имале намера да иницираа нови претседателски избори со што бил бил ставен крај на владеењето на Бартомеу.