Актуелниот италијански првак Интер ќе се раздели со шестмина фудбалери на крајот од оваа сезона. Тренерот Симоне Инзаги и раководството на клубот веќе се фокусирани на нови засилувања иако тимот е во трка за одбрана на шампионската титула.
Од „Џузепе Меаца“ ќе замина чилеанските интернационалци Артуро Видал и Алексис Санчез, а од следната сезона нема да има место во тимот и за резервниот голман Јонут Раду.
Напаѓачот Фелипе Каиседо ќе се врати во Џенова од каде што дојде како позајмен играч, а српскиот интернационалец Александар Коларов ќе ја заврши кариерата. Клубот треба да го напушти и Матијас Весино.