Top Sport

Шевченко кандидат за селектор на БиХ

Босна и Херцеговина во наредните неколку недели ќе мора да реши кој ќе го наследи Фарук Хаџибегиќ на селекторската функција. Хаџибегиќ, минатиот месец, доби отказ по поразот на домашен терен од Луксембург.

Неколку имимиња се поврзуваа со репрезентацијата на БиХ. Се шпекупираше со Славен Билиќ, меѓутоа поранешниот селектор на Хрватска ја одби понудата.

Во саботата, италијанскиот новинар Лоренцо Лепре објави сензационална вест. Тој тврди дека еден од кандидатите за селектор на БиХ е легендарниот Андриј Шевченко.

Поранешниот освојувач на Златната топка последниот ангажман го имаше на клупата на Џенова, која ја водеше од 2021 до 2022 година, во кариерата беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.

Scroll to Top