Top Sport

Вудс победи на деветтата етапа на Тур д’Франс

Канадскиот велосипедист Мајкл Вудс е победник на деветтата етапа на Тур д’Франс. Етапата долга 182,4 километри се возеше од Сен Леонар де Нобл до Пој де Дом.

Канаѓанецот до победата стигна со време од четири часа, 19 минути и 41 секунда. Французинот Пјер Латур ја мина целта втор со 28 секунди заостанување, додека Словенецот Матеј Мохориќ го освои третото место со 35 секунди заостанување од победникот.

Во генералниот пласман води минатогодишниот победник на Тур д’Франс, Данецот Јонас Вингегор со вкупно време од 38 часа, 37 минути и 46 секунди, Словенецот Тадеј Погачар е втор со 17 секунди заостанување, а Австралијанецот Џеј Хиндли е трет, тој доцни две минути и 40 секунди.

Следната етапа е во вторник од Вулшани до Исар.

Scroll to Top