Top Sport

Кантер утре станува Американец, отсега ќе носи презиме Freedom!

Промената на личните имиња не е ништо ново во НБА лигата, на тие кои се сеќаваат на Рон Артест и неговото ново име Metta World Peace (Мета светски мир), така што одлуката на Енес Кантер од понеделник да се вика Енес Кантер Фридом (Enes Kanter Freedom) не изненадува многу.

Според „Атлетик“, турскиот кошаркар утре ќе стане американски државјанин и официјално ќе го смени името, така што Кантер ќе му биде средно име, додека Фридом ќе биде неговото ново презиме.

Кантер поголемиот дел од својата кариера ја помина како критичар на различните режими во светот, посебно во Турција, која му го одзеде пасошот по критиките за Реџеп Таип Ердоган. Неодамна, Кантер го критикуваше Леброн Џејмс за неговите врски со „Најк“ и со кинескиот режим, а исто така изјави дека Мајкл Џордан ништо не направил за подобрување на состојбата на Афро-Американците во САД бидејќи „и републиканците купуваат патики“.

Scroll to Top