Top Sport

Шевченко со мировна порака пред дербито Милан-Интер

Градското дерби во Милано помеѓу Милан и Интер во полуфиналето на Копа Италија започна со порака за мир од двата клуба, и со специјално обраќање на легендата на „росонерите“, Украинецот Андриј Шевченко, кој прати порака дека неговите сонародници сакаат мир.

Во боите на украинското знаме, Шевченко се обрати до италијанската јавност.

„Драги италијански пријатели, барам од вас од ‘Сан Сиро’ да дадете поддршка за мир во Украина. Украинскиот народ сака мир, бидејќи мирот нема граници, бидејќи тоа што не обединува мора да биде посилно од тоа што не разделува. Да ја сопреме војната заедно. Ве гушкам сите“, изјави Шева.

Scroll to Top