Top Sport

Шик: Бев премлад за трансфер во Рома

Чешкиот напаѓач Патрик Шик, заедно со Кристијано Роналдо е најдобар стрелец на ЕУРО 2020 по првите две кола, постигнувајќи 3 гола, предизвикувајќи внимание на многу големи европски клубови.

Чехот вели дека не бил доволно подготвен за „големиот“ трансфер во Рома, каде што разочара. 25-годишниот Шик во 2016 година играше за Сампдорија, каде што импресионираше, по што Рома плати 42 милиони евра за негов трансфер во 2017 година. „Волчицата“ прво го позајми на РБ Лајпциг, па го продаде во Баер Леверкузен.

„Имав 20 години кога пристигнав во Италија. Првата сезона во Сампдорија беше многу добра, а потоа отидов во Рома, еден од најважните италијански клубови и имаше огромни очекувања, а јас бев само дете. Не бев 100 отсто подготвен за тој трансфер. Се случува“, вели Шик.

Scroll to Top