Top Sport

Никому не му е јасно зошто Дончиќ има стар мобилен телефон

Крајот на плејофот за Далас маверикс, значеше дека Лука Дончиќ се врати со словенечката репрезентација, со која откако го освои Евробаскетот 2017 нема играно, и со која во петокот ја победи Хрватска со 97:88.

Сепак, фановите на Словенецот најмногу беа зачудени од фотографијата која во саботата ја сподели неговиот соиграч од репрезентацијата, Лука Рупник на која НБА ѕвездата со милионски договор користи очигледн остар модел на мобилен телефон.

„Ова е Ајфон 13 про“, се пошегува Рупник со фотграфијата, која подоцна и самиот Дончиќ ја стави на Инстаграм.

Scroll to Top