Top Sport

Ширер: Бев блиску до Манчестер јунајтед, но Сер Алекс не ми се јави повторно

Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер открива дека бил многу блиску до трансфер во Манчестер јунајтед од Блекбурн во 1996 година, но дека Сер Алекс Фергусон само еднаш му се јавил на телефон.

Не е тајна дека „ѓаволите“ го посакуваа стрелецот во својот тим, но Ширер сега првпат зборува како неубедливоста на Фергусон и инсистирањето на тогашниот менаџер на Њукасл, Кевин Киган на рекорден трансфер од 15 милиони фунти го спречил договорот.

„Зборував со Кевин Киган и со Сер Алекс во ист ден. Го видов Киган утрото и преговорите беа многу добри. Потоа дојдоа луѓето од Манчестер јунајтед, и Сер Алекс прво ме праша: ’Дали со нас се гледаш прво, или зборуваше со други пред нас?’. Му кажав дека зборував со Кевин утрото и дека нема да пренесам што зборувавме и тој ми кажа дека нема шанси и дека сака со мене да се види прво. Сепак, бев импресиониран од тоа што го кажа и во еден момент мислев дека одам во Јунајтед. Но, ден два потоа ми се јави Кевин и знаев дека ќе се вратам во клубот за кој секогаш навивав и сакав да играм. Му се јавив на Сер Алекс, но немаше одговор и оставив порака. Не ми се јави назад. Но, не жалам, би го направил истото повторно“, вели Ширер.

Ширер стана легенда во својот роден град, постигнувајќи 148 гола во 303 настапи.

Scroll to Top