Top Sport

Фудбалската сезона во Италија ќе трае до октомври?

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина потврди дека е возможно тековната сезона 2019/20 во Серија А да има завршница во далечниот октомври, поместувајќи го стартот на следната сезона.

УЕФА претходно им се закани на своите членки дека ако шампионатите бидат прекинати предвреме, како што е случај во Белгија, клубовите нема да можат да играат во европските купови и Гравина вели дека посакува сезоната да продолжи на крајот на мај, но тоа ќе зависи од ситуацијата во Италија со корона вирусот, иако се забележува намалување на бројот на новозаболени и на починати во земјата.

„Единствен вистински начин да се реши ваква сериозна ситуација е да се завршат натпреварувањата во 2019/20 оваа година на било кој начин. Работиме со многу хипотези и гледаме како најдобро да се менаџира остатокот од сезоната. Можен датум за рестарт е на 17 мај, но тоа е само можност. Можност е и да се игра до септември или октомври, некако да ја спасиме и следната сезона“, вели Гравина.

Scroll to Top